Фирмата Елкомп е формирана во 1991 год, со локација во Тетово и се занимава со развој и продажба на деловни апликации.

Уште на почетокот, бројни апликации беа развиени за оперативниот систем DOS, од кои најголем број од нив ја извршуваат својата функција и денес. Новите апликации се развиваат под Windows со база SQLite.

Развиени се цела палета на деловни апликации, како општи, книговодствени, така и специфични.

Нови апликации, кои можат да се преземат и од интернет се:

ePDDWin      - апликација за пресметка за плаќање кон физички лица и изработка на xml фајл, кој подоцна се прикачува на сервисот на УЈП ePDD.

eTrezorWin   - за буџетските корисници кои своите плаќања ги извршуваат преку Трезорот на РМ, овозможува генерирање на фајл за Трезорот.

e-Delovodnik - апликација за електронско водење на деловодник и електронска архива